Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во соработка со Македонска асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) одржа настан на тема ,,Потребата од зајакнување на соработката помеѓу HR одделот и претставникот на вработените (синдикатот), со цел унапредување на работната организација“.
На самиот настанот се дискутираше за важноста и потребата за комуникација и соработка помеѓу синдикатот и одделот за човечки ресурси во една институција.
На овој настан, како гостин, свое излагање имаше Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски , кој даде свој осврт на синдикалното делување во минатото и сега и ја потенцираше важноста на соработката на синдикалните претставници со претстаниците на човечките ресурси.
Настанот се одржа на 02.02.2021 год. преку ZOOM платформата и на истиот учествуваа претставници од секторот за човечки ресурси и претставници од синдикатот.
Дел од настанот можете да го проследите преку следните видеа:
Дел 1:
Дел 2: