КСС преку Јавен протест ги искажа своите барања

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес го одржа најавениот Јавен протест кој започна од Порта Македонија преку Министерството за правда до Владата на Република Македонија каде работниците членови на гранските синдикати при КСС излегоа на мирен протест да ги истакнат своите барања за покачување на платите во јавниот сектор, к-15 во јавен сектор, почитување на законите, применување на колективните договори, ослободување од притисоци на работните места, отпочнување на преговори за измени на Општиот колективен договор.

1    3

„Денес се собравме овде сите заедно да побараме социјална правда, да си ги побараме нашите права, да престане кршењето на Законите,  за подобар живот, за достоинствен приход, за сигурни работни места. На вчерашната средба со претставници од Владата на Р.Македонија ветено ни е дека се разгледуваат нашите барања и дека мора да бидеме малку трпеливи за да се направат дополнителни консултации и пресметки околу нашите барања. Се надеваме на искреност и конструктивност од нивна страна и мислам дека треба да продолжиме по овој пат што го почнавме како Конфедерација на слободни синдикати за да може на еден демократски начин да имаме пристоен приход и пристоен живот за сите работници во државата. Продолжуваме да бидеме силата на новото време“ изјави Претседателот на КСС Благоја Ралповски.

2

„Неприфатлив  и неприменлив е таквиот однос на селективно зголемување на платите согласно минималната плата на национално ниво. Ние го поздравивме носењето на минимланта плата и укажавме благовремено дека веднаш треба да се пристапи на усогласување и на другите плати во јавниот сектор согласно минималната плата. Ние нема да отстапиме од барањето што поитно да се усогласат платите иако на вчерашната средба имавме некое благо ветување дека ќе се прават пресметки за тоа. “ изјави Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

4

КСС очекува дека ветувањата за конструктивен социјален дијалог во конструктивна атмосфера ќе бидат исполнети од страна на Владата на Р.Македонија и релевантните ресорни министерства. КСС останува на линија на своите барања за унапредување на правата на работниците и ќе продолжи со своите активности за исполнување на истите.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk