ЧПП - Често поставувани прашања
1. Што е синдикат?
Синдикат е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
2. Што е КСС?
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (понатаму: КСС) е национален синдикат кој здружува 11 грански синдикати од областа на енергетика, рудaрство и индустрија, образование, наука и култура, администрација и државна управа, полиција, одбрана, здравство, станбено-деловни и комунални претпријатија, транспорт и врски, поштенски и телекомуникациски оператори и пензионерски синдикат и брои околу 50.000 членови.
3. Како да станам член?
Доколку сакате да станете член потребно е да го најдете синдикалниот претставник на КСС во вашата институција и да пополните пристапница. Доколку наидете на предизвик и неможете да станете член на синдикат преку членување во синдикална организација, тогаш КСС ви ја нуди можноста да се зачлените индивидуално во КСС. Повеќе информации на: Зачлени се!
4. Во мојата компанија/институција нема синдикална организација, како да формирам?
Доколку во Вашата компанија/институција нема синдикална организација може да формирате иста и да пристапите кон гранскиот синдикат на КСС кој што ја покрива Вашата дејност. За помош и потребни документи околу формирање на синдикална организација може да се обратите во гранскиот синдикат кој што ја покрива Вашата дејност.