1. Home
  2. ВИДЕА

ВИДЕА

Национална платформа за женско претприемништво

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како дел од Комитетот за пристојна работа на жените работнички зема активно учество за промовирање на правата на жените работнички како први поборници за одржување на концептот на пристојна работа за сите работници. Како дел од активностите е и ова видео со кое се објаснуваат правата од работен однос […]

Колку се почитуваат работничките права на младите во Р. Македонија?

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во Р. Македонија?“ во рамките на Националната кампања „365 Работнички Права за Младите“ која ја спроведуваат Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни центри во Прилеп и Кавадарци во соработка со Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Факултети.мк и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија.

Прва работна средба на КСС со Владини претставници – Јавниот протестот ќе се одржи

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес на итна прес – конференција извести за одржаната работна средба со претставници од Владата на Р.Македонија и за најновите состојби околу закажаниот  Јавен протест за 17.01.2018 година во 5 минути до 12 часот пред Владата на Р.Македонија. ,,Денес  сме тука да известиме дека после повеќемесечни укажувања за нефункционирање […]

КСС бара покачување на платите согласно минималната плата преку почитување на социјалниот дијалог

Денес на прес-конференција наменета за информирање на пошироката јавност,  Конфедерацијата на слободни синдикати ги истакна моменталните состојби за нефункционирањето на социјалниот дијалог на највисоко ниво. Имено КСС во неколку наврати реагираше за кршење на Законот за работни односи, Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет и меѓународните конвенции предизвикани од самоволието на Министерот за труд и […]