
Во периодот од 24ти до 26ти Август 2025 год. се одржа првата работилница во рамките на проектот Синдикатите за праведна транзиција кој го спроведува Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со Меѓународната организација на трудот.
Главна цел на проектот е да се развие и промовира позиција на КСС за праведната транзиција и да се зајакнат капацитетите на синдикатот за поголемо вклучување на синдикатот во националните процеси на креирање политики поврзани со праведната транзиција. Остварување на целта е предвидено со повеќе активности меѓу кои и одржување на две дводневни работилници од кои веќе едната се реализираше.
Со оваа работилница се зајакуваат капацитетите на синдикалните претставници за влијанијата од транзицијата и да се гради позиција од долу нагоре за поголемо вклучување на синдикатите во процесот на праведната транзиција.
Темите на работилницата беа влијанија од двојната транзиција, преквалификација, зелени работни места, учество на работниците во процесот на консултирање и информирање.