1. Home
  2. Новости
  3. Синдикатите за праведна транзиција – одржана втората работилница

Синдикатите за праведна транзиција – одржана втората работилница

Синдикатите за праведна транзиција – одржана втората работилница
0
411 ПРЕГЛЕДИ

Во периодот од 01 до 03 септември 2025 година се одржа втората работилница во рамките на проектот „Синдикатите за праведна транзиција“, кој Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија го спроведува во соработка со Меѓународната организација на трудот.

Целта на проектот е да се изгради и промовира ставот на КСС во однос на праведната транзиција, како и да се зајакнат организациските и стручни капацитети на синдикатот за поефективно вклучување во креирањето на национални политики поврзани со ова прашање.

Преку оваа работилница, синдикалните претставници ги унапредија своите знаења и разбирање за влијанијата од транзицијата, со што се создава основа за градење на синдикални позиции од долу нагоре и за поголема ангажираност во процесите на праведна транзиција.

Работилницата опфати теми како што се: влијанијата од двојната транзиција (еколошка и дигитална), преквалификација на работната сила, создавање зелени работни места, како и вклучување на работниците во процесите на информирање и консултација.

Во рамките на проектот се предвидени повеќе активности, меѓу кои и организирање на две дводневни работилници – од кои двете веќе се успешно реализирани.

Работилницата е поддржана од Меѓународната организација на трудот (МОТ)