1. Home
  2. Новости
  3. Работилница за вмрежување во Кочани: Заеднички пристап кон посилно синдикално дејствување

Работилница за вмрежување во Кочани: Заеднички пристап кон посилно синдикално дејствување

Работилница за вмрежување во Кочани: Заеднички пристап кон посилно синдикално дејствување
0
151 ПРЕГЛЕДИ

На 12 ноември 2025 година (среда), во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 11:00 часот, се одржа работилница за вмрежување, организирана од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).

Овој настан претставуваше уште една активност во рамките на континуираните напори на КСС за јакнење на синдикалното движење, поттикнување на меѓусебната соработка меѓу гранските синдикати и создавање услови за поголема синдикална координација и застапеност.

Во своето воведно обраќање, Благоја Ралповски, Претседателот на КСС, ги истакна единството, солидарноста и заедничкиот настап како неопходни фактори за успешно застапување на интересите на работниците. Тој посочи дека КСС е организација која обединува, штити и промовира достоинствен труд и еднакви права за сите работници, без оглед на гранката во која работат.

Работилницата опфати повеќе значајни теми, меѓу кои: улогата на синдикатите во современиот работен контекст, значењето и примената на Општиот колективен договор, како и начините за подобра координација меѓу гранските синдикати.

Преку активни дискусии и размена на мислења, учесниците споделија свои искуства и предлози за тоа како синдикалните организации можат поефикасно да влијаат во процесите на одлучување и да обезбедат посилна заштита на работничките права. Во завршниот дел, беше одржана конструктивна дебата во која присутните дадоа конкретни идеи за понатамошно унапредување на синдикалното делување.

Со ваквите активности, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија продолжува да ја реализира својата визија – да биде силен и обединет глас на работниците и потпора на синдикалното движење. Настанот во Кочани уште еднаш покажа дека преку взаемна доверба, партнерство и постојана комуникација може да се изгради систем во кој работникот е вистински ценет, а неговите права целосно заштитени.