1. Home
  2. Новости
  3. Работилница за вмрежување во Кавадарци: Соработка и зајакнување на синдикалната структура

Работилница за вмрежување во Кавадарци: Соработка и зајакнување на синдикалната структура

Работилница за вмрежување во Кавадарци: Соработка и зајакнување на синдикалната структура
0
91 ПРЕГЛЕДИ

На 25 ноември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) ја спроведе работилницата посветена на зајакнување на вмрежувањето и координацијата меѓу синдикалните организации.

Овој настан претставуваше важен сегмент од активностите на КСС насочени кон јакнење на синдикалната структура и заедничкото делување во одбрана на работничките права. Присутните претставници имаа можност да се запознаат подетално со актуелните предизвици во синдикалното работење и да дискутираат за начините за нивно надминување.

На почетокот, учесниците ги поздрави претседателот на КСС, Благоја Ралповски, кој преку своето обраќање ја нагласи потребата од развивање култура на солидарност, заемна поддршка и координирано делување.

Во рамките на работилницата беа обработени неколку теми од суштинско значење: значењето на синдикатите во современите општествени процеси, примената и значењето на Општиот колективен договор, како и моделите на подобра организациска поставеност и соработка меѓу гранските синдикати. Овие прашања отворија плодна дискусија каде присутните активно учествуваа и дадоа свој придонес кон оформувањето на заеднички идеи и идни чекори.

КСС останува доследна на својата мисија – да обезбеди силен и обединет синдикален фронт кој ќе работи за заштита на достоинството и правата на работниците.