1. Home
  2. Новости
  3. Финална конференција на тема „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија“

Финална конференција на тема „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија“

Финална конференција на тема „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија“
0
2.073 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во соработка со Solidarity Center од САД и Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР  реализираше вкупно осум тренинг работилници на кои учествуваа синдикални претставници од осум грански синдикати на КСС: СОНК, СТВ, ССЕРИ, СУТ, САДУ, НСО, ССКЦ И СПМ. Целта на овие работилници беше да се увиди нивото на владеење на проблематиката на безбедност и здравје при работа од страна на синдикалните претставници, да се споделат информации за правата на работниците во делот на безбедноста и здравје при работа како и кои се обврските на работодавачите што се однесува на заштитата на работниците во компаниите. Како заклучок од сите 8 тренинг работилници беше изготвена анализа.

По изготвување на анализата за моменталната состојба на ова работничко право Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС организираше финална конференција на тема „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија“ што се одржа на 03.02.2023 година каде беа презентирани резултатите од серијата работилници што беа спроведени во периодот од 23.09.2022 до 05.12.2022 година за едно од најважните работнички права за здрави и безбедни работници со кое и работниците ќе бидат посреќни и попродуктивни.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС е еден од пионерите што го покрена ова прашање во светот на работа и веќе неколку години се обидува што повеќе да пренесе информации до своето членство сé со цел да ги заштити работниците и што повеќе да ги информира за нивните права.