Како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“ во периодот 15.05.2024-17.05.2024 во Скопје се одржа тренинг обука на тема: „Дигитализација на пазарот на трудот“, на која учествуваа учесници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија- КСС, Solidarność од Полска и Организацијата на работодавачи на Македонија.
Тренинг обука се фокусираше на три главни области: влијанието на дигитализацијата на работните процеси; влијанието на дигитализацијата на пазарот на трудот и применување на нови технологи на работното место но исто така и влијанието на дигитализацијата врз приватниот живот.
За време на обуката учесниците го користеа следниот тренинг модул: Дигитализација на пазарот на трудот
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор