Синдикатот за транспорт и врски дава безрезервна поддршка на братскиот Синдикат на клинички центар во борбата за остварување на работничките права.
Имено, нашиот братски, воедно и грански синдикат, со кој гордо членуваме со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во среда ќе одржи предупредувачки протест поради тоа што ресорното Министерство за здраво не сака линеарно да им ги зголеми платите на здравствените работници за 2,806 денари.
Живееме во невидена скапотија. Инфлацијата руши рекорди. Сето тоа се одразува и врз џебот на здравствените работници, кои, да не заборавиме, беа најважни актери во борбата против пандемијата со Ковид -19.
Здравствените работници заслужуваат подобри плати и подобар социјален и економски статус, бидејќи тие најмногу придонесуваат кон зачувувањето на здравјето на луѓето во Македонија.
Знаејќи ја целокупната ситуација во државата, со голема решителност му даваме поддршка на нашиот братски синдикат да ги оствари своите барања, а на властите им порачуваме дека она што го бара синдикатот, е истото што му следува согласно сите стандарди од областа на трудот.
Уште една ја афирмираме нашата поддршка за протестот на нашиот братски синдикати и целосно се солидализираме со него, посакувајќи му што е можно побрзо да ги оствари своите барања.