1. Home
  2. Новости
  3. СТВ: Сите заедно ќе дадеме поддршка во борбата за достоинството и професионализмот во полицијата

СТВ: Сите заедно ќе дадеме поддршка во борбата за достоинството и професионализмот во полицијата

СТВ: Сите заедно ќе дадеме поддршка во борбата за достоинството и професионализмот во полицијата
0
304 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот за транспорт и врски-СТВ преку писмо за поддршка изрази целосна поддршка на Синдикатот на полиција во Македонија. Писмото го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Со ова писмо сакаме гордо да ја изразиме нашата поддршка за најавениот протест на Синдикатот на полиција во Македонија, за искажување на незадоволството од состојбите во полицијата како и влошување на условите за работа на полициските службеници.

Со поддршка и земање учество во најавениот Протест, целосно го поддржуваме Синдикатот на полиција во неговите барања и сите заедно ќе се бориме за подобри услови за живот и работа. Полицијата да биде институција во која вработените ќе можат непречено да си ги остваруваат своите права,  ќе бидат ценети од работотдавачот и ќе добиваат достоинствени плати за достоинствен живот.

Убедени сме дека организираниот протест ќе биде успешен и дека барањата на Синдикатот  ќе бидат слушнати, сериозно сфатени и прифатени од надлежните во државата.

Сите заедно ќе излеземе на најавениот Протест на ден 08.05.2021 год и ќе дадеме поддршка во борбата за достоинството и професионализмот во полицијата.