
Синдикатот за транспорт и врски силно го поддржува генералниот штрајк на СОНК и му посакува
истрајност во борбата за остварување на барањата.
Сосема е легитимно еден синдикат да го искаже револтот со прекин на работата на неговите
членови, особено кога четири години по ред Владата нема слух за барањата коишто во многу наврати ги
посочи. Недозволиво е професионалци кои задолжени за образување и воспитување на нашите деца да
бидат незадоволни и демотивирани од неисполнувањето на законските обврски од страна на Владата.
Исто така, недозволиво е носителите на дејност како наставниците, професорите воспитувачите и
негувателките да земаат исти плати со останатите вработени. Мора да напоменеме дека и останатиот кадар
е еднакво важен за функционирањето на установата.
Апелираме СОНК заедно со членството да бидат истрајни и да не се колебаат за да ги остварат
нивните барања, а на родителите им порачуваме да искажат солидарност и да ги разберат проблемите со коишто се соочуваат.