Целосна и безрезервна поддршка од ССЕРИ за протесот на Синдикатот на полиција во Македонија

Самостојниот синдикат на работницте од енергетика,рударство и индустрија на Р.Македониј-ССЕРИ изрази целосна и безрезервна поддршка на Синдикатот на полиција во Македонија преку писмо за поддршка. Писмото го пренесуваме во целост:
Почитувани колеги,
Во оваа прилика ние како претставници на Самостојниот синдикат на работницте од енергетика,рударство и индустрија на Р.Македонија- ССЕРИ даваме целосна и безрезервна поддршка на Синдикатот на полиција на Македонија, за најавениот протест во сабота 08.05.2021 година.
Крајно време е да се престане со самоволието и непочитувањето на правата на работникот од страна на надредените. Сите сме рамноправни и исти пред законот, не смеат да ги злоупотребуваат своите службени положби и овластувања и да се ставаат над законот и над работниците.
Правда за работниците, правда за синдикатот, правда за секого!
Со почит,
ССЕРИ