Синдикатот на Поштенските и Телекуминакциските оператори на Македонија – СПТОМ дава поддршка на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија којшто ќе се одржи на 15 април (четврток).
Преку овој протест КСС ќе ги искаже своите барања коишто не се невозможни, туку се однесуваат на почитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции на Меѓународната организација на труд – МОТ кои Македонија ги има ратификувано, како и почитување на синдикалното организирање и делување кое во Македонија е на ниско ниво, најмногу поради социјалниот дијалог којшто речиси и го нема во последно време во државата.
Поради тоа што нема социјален дијалог во рамките на институциите на државата, КСС е принуден својот револт да го искаже на улиците во главниот град.
Апелираме до нашите членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот и да помогнат во подигањето на гласот на работниците.