Денеска во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа средба со цел решавање на проблемите во насока на квалитетен социјален дијалог помеѓу претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и Министерката за труд и социјална политика, Jагода Шахпаска.
На средбата беа изнесени низа проблеми кои подолго време чекаат да се решат за што Министерката Шахпаска се согласи и зема обврска истите да се надминат на достоинствен начин низ конструктивен дијалог. Од КСС беше побарано и заболувањето Ковид-19 да биде ставено во листата на професионални заболувања за сите работници и отсуството поради истото да се плаќа 100% за што Министерката побара предлогот повторно да се испрати за истиот да биде детално разгледан од самото Министерство.
Поврзани новости:
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор
- 25 Ноември – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ