1. Home
  2. Новости
  3. СИНДИКАТОТ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА НА ГРАНСКИТЕ СИНДИКАТИ ПРИ КСС

СИНДИКАТОТ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА НА ГРАНСКИТЕ СИНДИКАТИ ПРИ КСС

СИНДИКАТОТ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА НА ГРАНСКИТЕ СИНДИКАТИ ПРИ КСС
0
226 ПРЕГЛЕДИ

Поддршка за нашите братски синдикати: СУТ ја поддржува радикализацијата на синдикалните активности на гранските синдикати при КСС“

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија дава безрезервна поддршка на претстојните протести на гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија коишто ќе започнат од 26 април (вторник).

Доследното почитување на законите и колективните договори е предуслов за здрав социјален дијалог, кој за жал во Македонија е на многу ниско ниво од причини кои и за нас како синдикат се несфатливи. Токму поради нискиот степен на социјален дијалог, нашите братски синдикати се решија своите права да ги посочат преку јавни протести.

Сметаме дека Владата треба да ги исполни барањата на синдикатите и да го зголеми бодот на вработените во јавната администрација. Револтот станува сé поголем од ден на ден и тоа не само кај вработените во јавниот, туку и во приватниот сектор.