Третата обука од серијата обуки на тема „Обука за лидерство, личен развој и трансформација на конфликти“ беше одржана во периодот од 27.11.2024 до 29.11.2024, во организација на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) во соработка со Solidarity Center од Америка во х.Аквалина во Охрид.
Оваа обука беше наменета за членовите на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ), кои активно учествуваа во интерактивните сесии и тимските активности, насочени кон развој на лидерски и преговарачки вештини.
Предавач на обуката беше проф. д-р Лазар Ѓуров од Институтот Симбиотика, кој со своето искуство и експертиза обезбеди длабок увид во значајните теми и ги инспирираше учесниците кон личен и професионален напредок.
Оваа обука имаше за цел да ги поттикне синдикалните претставници на отвореност за личен развој и учење и прифаќање на концептот на GROWTH MINDSET како основа за професионален успех. Целите на обуката беа: Зајакнување на лидерските капацитети на лидерите на синдикалните организации; Запознавање на личните вредности и согледување колку тие се предност или пречка за успешно водење на синдикалните организации; Зајакнување на способностите на градење на доверба во членовите на своите синдикални организации; Зајакнување на вештините за трансформација на конфликтите меѓу работодавачите и вработените; Зајакнување на вештините за преговарање во различни ситуации во тек на водење на синдикалните организации; Запознавање на фазите на развој на групите во тимови и зајакнување на лидерите правилно да препознаат и потоа да применат соодветно лидерство; Запознавање на основните мотивациски потреби кај луѓето и дефинирање на начини како истите се задоволуваат преку синдикалното движење; Зајакнување за регрутирање на нови членови и Поттик за мотивирање на постоечки членови да бидат поактивни.
Резултат од оваа обука е унапредувањето на капацитетите на САДУ, зајакнувајќи ги лидерите и членовите во нивната улога како претставници на работниците во администрацијата и државната управа. Преку размена на искуства и идеи, учесниците стекнаа практични знаења за решавање на секојдневните предизвици со кои се соочуваат синдикалните организации.