1. Home
  2. Новости
  3. САДУ дава целосна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар

САДУ дава целосна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар

САДУ дава целосна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар
0
309 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија дава целосна и безрезервна поддршка на протестот на братскиот Синдикат на клинички центар кој ќе се одржи во среда.

Како грански синдикат постојано се залагаме за унапредување на правата на работниците во сите сектори. Нашето синдикално братство се базира на солидарност, па оттаму секогаш сме подготвени да бидеме сплотени и единствени со нашите грански синдикати.

Синдикатот на клинички центар ќе протестира за линеарно покачува на платите од 2,806 денари – покачување кое и тоа како го заслужуваат. Инфлацијата ги руши рекордите, а со тоа куповната моќ на граѓаните значајно е намалена. Како и сите граѓани, така и здравствените работници треба да се грижат за своите семејства, но инфлацијата значајно им ги „јаде“ приходите.

Властите никако не смеат да заборават дека лекарите и воопшто здравствените работници беа на првата линија во борбата против Ковид -19, вирус кој загрози многу човечки животи. Благодарение на здравствените работници многу од овие човечки животи беа спасени.

Овие работници се едни од највиталните во една држава, бидејќи без нив не можеме да го браниме и зачуваме нашето здравје.

Никако не смееме да заборавиме дека тие вложуваат огромни напори во спасувањето на човечки животи. И да, тоа е нивна работа, но и работа на властите е да им овозможат подобар социо – економски статус и да ги почитуваат нивните работнички права.

Уште еднаш ја потврдуваме нашата огромна поддршка за овој протест и ја упатуваме целата наша солидарност кон нашиот братски синдикат.