Денес. пред Собранието Конфедерацијата на слободни синдикати излезе за да го искаже својот револт во однос на начинот на кој се сака да се донесе законот за административни службеници и измените кои се сака да се вметнат во истиот.
Првично законот го нема поминато филтерот на Економско социјалниот совет, а текстот на законот не е истиот оној кој можеше да се најде на ЕНЕР и да се дискутира за него. Намерно се избегнува јавната дебата и се прават напори набрзина и со европско знаменце да се донесе законот. Работниците се против ваквото донесување на законот, бидејќи најоштетени се секогаш тие и нивните плати.
КСС своите забелешки и барања по однос на ова ги испратија до сите пратенички групи.
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор