
Денес беше организиран протест на Синдикатот на полицијата во Македонија- СПМ со кој го изразија своето незадоволство од мизерната положба во која се наоѓаат полицајците во Македонија, почнувајќи од немање униформи кои се основен услов за работа, па се до спречување на правото за синдикално делување што е загарантирано со Устав, закони и меѓународни конвенции ратификувани во Македонија.
Протестниот марш започна пред ЕУ Инфо центарот и заврши пред Владата каде претседателот на синдикатот Орце Коцевски имаше говор со кој ги пренесе своите барања за да може да ги слушнат сите релевантни во Владата.
Најголем акцент се стави на тоа дека сите релевантни чинители во Владата, а најмногу Министерот за внатрешни работи треба да ги овозможат сите услови за работа на полицијата и да работат согласно закон односно да не ги скратуваат правата кои се загарантирани со закон. Дел од барањата беа униформи за полицајците за што пример беше и полицискиот кордон пред владата во кој полицајците не беа униформирани, туку дел беа во цивилна облека со патики и слично што не доликува на полициски службеник, потоа покачување на платите особено периодов во ек на пандемија, да се постават професионалци да си ја вршат својата работа во полицијата, а не да се поставуваат послушници чија цел е само личниот интерес и интересот на поединци, слобода во синдикалното делување, бидејќи со стопирање на синдикалната членарина се крши правото на секој вработен по своја волја да одлучи да членува во синдикат и да делува синдикално во насока на подобрување на условите за работа на работникот.
Со овој протест се покажа незадоволството од погоре споменатото и се даде до знаење дека за ова огромно кршење на законите треба да има и одговорност.
Во прилог галерија од протестот: