1. Home
  2. Новости
  3. СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
0
498 ПРЕГЛЕДИ

Оваа година на 7ми октомври се одбележува 13-от Светски ден за пристојна работа. Милиони луѓе од 2008 ма година учествуваат на настаните организирани на овој ден додека оваа година е ден за виртуелно мобилизирање низ целиот свет поради спречување од ширење на Корона вирусот.

7ми Октомври е ден кога сите синдикати во светот се залагаат за пристојна работа. Пристојната работа мора да биде во центарот на владините активности за да се врати економскиот раст и да се изгради нова глобална економија што ги става луѓето на прво место.

Ефектите од пандемијата врз здравјето, вработувањето, приходите и родовата еднаквост се сè пострашни, бидејќи светот веќе беше под силен удар од пандемијата, а со тоа многу работници останаа без работа, а исто така се зголеми неизвесноста и несигурноста кај вработените. Затоа потребен е нов социјален договор кој ќе биде од клучно значење за трасирање на патот кон закрепнување од последиците предизвикани од Ковид-19, како и за градење на економија на заеднички просперитет и одржливост.

КСС на овој ден за пристојна работа го акцентира своето секојдневно дејствување со цел да се стави крај на сиромаштијата, гладувањето и да се намалат нееднаквостите помеѓу работниците.

Централната тема на овој ден е „Нов социјален договор за закрепнување и издржливост“ за што е потребно да бидат разгледани стратегии за враќање на работниците на работа, за заштита на работните места во време на пандемија, ажурирање на проценките за безбедност и здравје, согласно новата биолошка штетност, работа од далечина и прецизирање на деталите поврзани со истото. Сето ова КСС со голем успех го постигнува преку организирање и учествување на најразлични обуки, семинари, конференции и многу други настани поврзани со правата на работникот. Пристојната работа подразбира заедничко работење за да биде човечкиот живот осмислен и исполнет, а на тој начин работниците да придонесат за светот да биде почист, побезбеден и подобро место за живеење.

Пристојна работа значи: достоинство, еднаквост, пристоен приход и безбедни услови на работа.