Поддршка на Пензионерскиот синдикат на Македонија за протестите на гранските синдикати при КСС
Пристојни плати значат пристојни пензии: Поддршка за протестите на гранските синдикати при КСС
Пензионерскиот синдикат на Македонија безусловно и целосно ги поддржува протестите на гранските синдикати при КСС кои започнуваат од вторник (26 април).
Животот во Македонија станува се поскап, а платите стагнираат. Од друга страна некои синдикати започнаа преку радикални мерки да ги бараат своите права, па според нас нормално е и останатите синдикати да го направат истото.
Гранските синдикати при КСС барањето за усогласување на растот на минималната плата со Колективните договори го немаат поставено вчера, туку уште пред неколку години и истите ги искажуваа преку голем број на протести низ државата.
Мораме да потенцираме дека целата оваа ситуација не се одразува само врз работниците, туку и идните пензионери, бидејќи непристојна плата значи и непристојна пензија, а пристојна плата значи пристојна пензија. Едноставно е.
Нашите братски синдикати бараат зголемување на бодот на вработените во јавната администрација, што законски им следува, па оттаму порачуваме на Владата да го исполнат нивното барање, а со тоа и да покажат дека ги ценат македонските работници.
Солидарно стоиме со нашите братски синдикати