Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ дава целосна и безрезервна поддршка на
најголемиот Синдикат во Република Македонија – СОНК за претстојниот ШТРАЈК кој ќе започне на ден
11.04.2022 година.
„Почитувани, Вашите членови и вработените кои ги преставувате треба да ги добијат правата
коишто им следуваат согласно законите и колективните договори и истите треба да бидат дел од
социјалниот дијалог во државата.
Зголемувањето на минималната плата го поддржавме и како Грански Синдикат и како
Конфедерација во која членуваме. Бидејќи со истото не се решија проблемите со усогласувањето на
колективните договори со растот на минималната плата, како што и впрочем Законот за минимална
предвидува, без порамнувањето на платите единствено може да создаде демотивација кај вработените.
Решението на проблемите со коишто се соочуваат Вашите членови и вработените е едноставно –
зголемување на вредноста на бодот на вработените од страна на надлежните институции.
Нагласуваме дека му даваме силна поддршка на нашиот братски Синдикат СОНК во
остварувањето на нивните барања – повисоки плати кои поради немањето на слух од страна на
надлежните, ќе го искажат незадоволството по пат на штрајк. Посакуваме да останете достојни на
Вашите Барања и да истраете сé до конечно исполнување на Вашите Барања“.