Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во рамките на проектот Trade unions for a fair recovery: Strengthening the role of trade unions in mitigating the impact of the COVID-19 crisis објавува повик за ангажирање на веб дизајнер за редизајн на веб сајтот на КСС и подобрување на алатките за координација.
На огласот можат да конкурираат физички или правни лица кои сметаат дека поседуваат:
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност и проактивност;
- Претходно искуство во областа;
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг;
Рокот за контакт е најдоцна до 07.03.2022 година.
Сите заинтересирани кандидати да се јават на контакт телефон (02) 2 466 238. По одржаните разговори со кандидатите избрани во потесен круг ќе се закажат индивидуални состаноци.