1. Home
  2. Новости
  3. Пензионерскиот синдикат дава потполна поддршка на протестот на СПМ

Пензионерскиот синдикат дава потполна поддршка на протестот на СПМ

Пензионерскиот синдикат дава потполна поддршка на протестот на СПМ
0
360 ПРЕГЛЕДИ

Пензионерскиот синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати дава потполна поддршка на протестот на Синдикатот на Полицијата во Македонија кој ќе се одржи утре (8 мај, сабота).

Во продолжение го пренесуваме писмото за поддршка во целост:

Прекршувањата на работничките права мора под итно да запрат и да се започне да се става акцент врз социјалниот дијалог и партнерство, почитувањето на колективните договори, законите и меѓународните конвенции кои ги регулираат правата на работниците, а кои Македонија преку нивното ратификување се има обврзано да ги почитува и применува.

На нашите колеги од Синдикатот на полицијата во Македонија им посакуваме успех во борбата за подобри работнички права и исполнување на нивната цел – подобар статус на полициските службеници во нашето општество.

Солидарноста и сплотеноста се два најважни сегменти во синдикализмот, па оттаму би сакале да им порачаме на нашите членови да дадат поддршка на овој протест и да им помогнат на нашите синдикални браќа да ги исполнат своите цели.