На 26 јули 2024 година се одржа онлајн експертскиот состанок како дел од проектот GREENET, кофинансиран од Европската Унија. За време на овој состанок, 19 експерти меѓу кои и експерт од КСС и претставници од различни проектни партнери разговараа за клучните предизвици идентификувани во националното истражување и формулираа препораки што треба да се споделат со социјалните партнери на ниво на ЕУ.
Темите на кои што се разговараше за време на состанокот се однесуваа на енергетска безбедност, транзиција кон обновливи извори и економските предизвици поврзани со оваа промена.
Овој состанок претставуваше исклучителна можност за размена на идеи и соработка за иновативни решенија за поодржлива иднина.
#GREENET #GreenTransition #EuropeanUnion #Sustainability