1. Home
  2. Новости
  3. Одржан национален состанок како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи)“

Одржан национален состанок како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи)“

Одржан национален состанок како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи)“
0
320 ПРЕГЛЕДИ

На 26.01.2024 се одржа Националната работилница како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting EWCs“.

На националната работилница беше презентиран Националниот извештај кој што беше изработен во рамките на проектот. По деталната презентација беше опфатена и презентација за состојбите на социјалниот дијалог и колективното преговарање во рамки на јавниот сектор во Република Македонија.

Во рамки на делот за дискусија од оваа национална работилница, присутните дискутираа на тема: „Дали формирањето на Европските работнички совети во јавните служби ќе го подобрат нивното функционирање?„. Тука присутните имаа поделени мислења но сите се согласија дека Европските работнички совети е нешто ново за сите и дека позитивно е тоа што сега се зборува за ЕРС со што се потенцираше дека во почетокот било поставено Европските работнички совети да ги формираат синдикатите и така да функционираат, а сега самотото име работнички совет прави конфузија кај работниците.

За крај беше даден закучот дека потребно е поактивно учество од страна на работниците во делот на барањата за своите права и услови за работа бидејќи од голема важност е работниците да функционираат повеќе.