Втората национална работилница која е дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“ се одржа на 16.01.2024 година.
На втората работилница беше презентиран проектот ЕФАД а воедно беа претставени главните цели на проектот како и досегашните активности. Во рамките на оваа национална работилница беше презентиран и објаснет пред учесниците и Европскиот рамковен договор за дигитализација (ЕФАД). Во рамките на оваа втора национална работилница беа презентирани и претходно направените 6 студии на случај вклучувајќи ги информациите за компаниите, претходниот начин на работа што го имаат како и каков е нивниот нов начин на работа по дигитализацијата во истите. Исто така, учесниците дискутираа по однос на презентираниот општ заклучок од студиите на случај.
Воедно, се разви и опширна дискусија за дигитализацијата и дигиталната трансформација во Македонија, како во јавниот сектор така и во приватниот, потоа правото на исклучување и дали е тоа регулирано во правната рамка на Македонија како и различните модалитети на работа (telework, hybrid work, work from home, distance work and remote work). По опширната дискусија присутните донесоа заклучок дека сето тоа не е регулирано согласно нашата правна законска рамка.
Во рамките на оваа втора национална работилница беше претставен предложениот Национален акционен план за дигитализација. Беше објаснето дека овој Национален акционен план е изготвен врз основа на спроведените шест студии на случај и дискусиите и заклучоците од првата национална работилница која се одржа во септември 2023 година. Трите предложени области на кој се фокусира овој Национален акционен план се: Информирање за рамковниот договор на европските социјални партнери (EFAD), Правото на исклучување (R2D) и Дигитализацијата на работата и комуникацијата на социјалните партнери. Солидни придонеси за истиот беа дадени од присутните учесници, со што Националниот акционен план ќе биде потпишан до крајот на јануари од страна на социјалните партнери.