1. Home
  2. Новости
  3. Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка и се приклучува на протестот на КСС !

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка и се приклучува на протестот на КСС !

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка и се приклучува на протестот на КСС !
0
398 ПРЕГЛЕДИ

Независниот синдикат на одбраната – НСО при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС дава потполна и безрезервна поддршка и се приклучува кон протестот кој ќе се одржи на 15 април (четврток).

Како синдикат отсекогаш се залагаме за унапредување на работничките права и синдикалното организирање во Македонија во рамките на социјалниот дијалог, но поради тоа што истиот е на многу ниско ниво, сме принудени како дел од КСС да се приклучиме на протестот и да побараме да се почитуваат законите, колективните договори и сите европски и светски правни акти коишто ја регулираат трудовата сфера.

Ние како синдикат, на гранско ниво имаме социјален дијалог на високо ниво со нашиот работодавач, но поради проблемите коишто ги имаат нашите колеги синдикалци, а со цел да изразиме солидарност, даваме потполна поддршка и се приклучуваме на протестот.

Протестот  е едно од средствата коишто синдикатите ги имаат на располагање за да го искажат своето незадоволство од односот на Владата кон синдикалното организирање, а ние ова право го користиме сега, бидејќи сметаме дека е потребно да се слушне гласот на работниците.

Ги повикуваме своите членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот и да дадат поддршка на КСС во борбата за унапредување на работничките права.