1. Home
  2. Новости
  3. Независниот синдикат на Одбраната дава целосна поддршка на протестите на гранските синдикати при КСС

Независниот синдикат на Одбраната дава целосна поддршка на протестите на гранските синдикати при КСС

Независниот синдикат на Одбраната дава целосна поддршка на протестите на гранските синдикати при КСС
0
426 ПРЕГЛЕДИ

Социјалниот дијалог е предуслов за пристојна плата за пристоен живот: НСО дава целосна поддршка на протестите на гранските синдикати при КСС

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка на протестите на своите братски синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и им изразува целосна солидарност.

Браќа и сестри синдикалци, секој работник заслужува да има пристојна и достоинствена плата во Македонија. Живееме во време кога инфлацијата постојано расте, а платите не се доволни за да се преживее месецот, па оттаму барањето на нашите братски синдикати за зголемување на бодот на вработените во јавната администрација е сосема оправдано. Ова го рековме и во претходната поддршка за протестот кој се одржа на 30 март, а го велиме и сега од причина што е од суштинската важност за вработените во јавната администрација, вклучително и воАрмијата.

Ние како Независен синдикат на одбраната имаме добар и одржлив социјален дијалог со Министерството за одбрана и сметаме дека треба да бидеме пример за социјалниот дијалог на другите ресорни министерства и синдикати.

Сите барања коишто ги поставуваат нашите братски синдикати се оправдани, бидејќи истите им следуваат согласно законите и колективните договори.

Солидарно стоиме во чекор со гранските синдикати при КСС и им ја даваме сета наша поддршка.