
Синдикатот на полицијата во Македонија- СПМ поради крајно лошата положба на полицијата во Македонија организира протест на 08.05.2021 година ( сабота ). Се тргнува во 11:30 часот пред канцелариите на Европската Унија и се продолжува пред Владата на Република Македонија.
Дел од барањата кои синдикатот ќе ги искаже на протестот се:
- Зголемување на платите во Полицијата
- Тендер за сите видови на униформа во Полицијата
- Да се престане со незаконските распоредувања
- Додаток за борбата против коронавирусот
- Нов Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати,
- Да се постават професионалци на чело во МВР
- Да се престане со мобингот врз вработените
- Владеење на правото во МВР
- Да се престане со пресметката со синдикалните претставници
Упатуваме апел до сите истомисленици да се приклучат и да го поддржат овој протест.
Напомена: За време на протестот ЗАДОЛЖИТЕЛНО придржување кон протоколите на Владата за заштита од вирусот „Ковид19“.