КСС поднесе Барање до пратениците за целосно почитување на Законите и правилно проектирање на Буџетот за 2023
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес врз основа на Одлуката на извршниот одбор поднесе барање до народните пратеници во Законодавниот дом на Македонија за целосно почитување на Законите и правилно и целосно проектирање на Буџетот за 2023 година.
Неможноста да интервенираме во Економско Социјалниот Совет поради цврстиот негативен став на владините претставници, пред се на Претседателот на Економско Социјалниот Совет, министерката г-ѓа. Јованка Тренчевска и министерот за финансии г-дин. Фатмир Бесими, донесовме Одлука да се обратиме до пратениците во Законодавниот дом да укажеме на кршењето на Законите и отсутноста од желбата за помош на работниците во оваа економска/енергетска инфлаторна криза.
Во прилог дописот:
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор