КСС одржа работна средба/состанок со Министерот за информатичко општество и администрација
Денеска беше одржан состанок помеѓу претставници на КСС и Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Јетон Шаќири. На средбата главно се разговараше за реформите во јавниот сектор како и за предвременото пензионирање.
КСС стои на ставот дека треба да се избегне губење на работно место и отпуштање на работниците, а намалувањето на вработените во јавниот сектор да се реализира по природен пат со пензионирање.
Исто така истакна дека е потребно да се исполнат соодветни предуслови за добра рационализација на јавната администрација и изработување на функционална анализа.
Министерот најави формирање на работни групи каде детално ќе се разгледаат барањата и предлозите на КСС кои се однесуваат во врска со законот за административни службеници каде целта е создавање на позитивна клима во јавниот сектор.
КСС се надева на искрена соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.