1. Home
  2. Новости
  3. КСС излезе на предупредувачки јавен протест

КСС излезе на предупредувачки јавен протест

КСС излезе на предупредувачки јавен протест
0
256 ПРЕГЛЕДИ

На ден 30.03.2022 год. (среда) Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на
предупредувачки јавен протест заедно со повеќето од гранските синдикати при КСС од
јавниот сектор. Подолго време, речиси 4 години, Конфедерацијата на слободни
синдикати на Македонија бара да се пристапи кон почитување на законите и да се
усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната плата.
Протестот се одржа поради едноставна причина, да се стави крај на манипулацијата и
дезинформациите на Владата за платите во јавниот сектор. КСС и синдикатите од
јавниот сектор, здружени во КСС, бараат правата на работниците да се почитуваат, права
кои веќе законски се уредени, а државата не ги почитува. Поточно, до овој момент, на дел
од вработените во јавниот сектор основната плата им беше ПОД минималната плата.
КСС тврди проблемот има едноставно решение. Потребно е Владата да свика седница на
Влада и да се изгласа покачување на вредноста на бодот кој во моментот изнесува 81,6
денари на најмалку 103 денари што ќе биде најчесно за сите работници и распонот на
платите ќе се задржи и ниеден од работниците нема повеќе да зема плата под
минималната плата.
Време е да покажеме дека во општеството има синдикати и организации кои не
дозволуваат манипулација и поигрување со работниците.
Протестот започна 15:30 часот пред Собранието на Р.Македонија, во 16:30 часот се упати
кон Владата на Р.Македонија.

[NPG id=6150]