1. Home
  2. Новости
  3. КСС е загрижен за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки

КСС е загрижен за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки

КСС е загрижен за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки
0
243 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во Македонија, а особено за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат загрижени сме за сигурноста на работните места.
Домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на задолжителна вакцинација и противзаконска е секаков вид на дискриминација по основ на тоа дали некој е вакциниран или не, а на истото упатуваат и меѓународните акти.
Ние како синдикат се плашиме дека со мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата се прави притисок за вакцинација на работниците. Работниците веќе го чувствуваат притисокот од работодавачите за вакцинација. Правото на вакцинација е право на личен избор, а вработените на кои им се врши притисок за вакцинација се плашат за своето работно место, па мораат да се вакцинираат.
Напоменуваме дека правото на работа е уставно загарантирано право и секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, а сигурноста на работните места не смее да зависи од тоа дали работникот е вакциниран или не.
Затоа КСС јавно го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните кој ќе се одржи во недела на 15-ти август во 19 часот.