1. Home
  2. Новости
  3. КСС дел од Годишната конференција на EZA во Брисел: „Социјална правда во Европа која повторно се вооружува“

КСС дел од Годишната конференција на EZA во Брисел: „Социјална правда во Европа која повторно се вооружува“

КСС дел од Годишната конференција на EZA во Брисел: „Социјална правда во Европа која повторно се вооружува“
0
62 ПРЕГЛЕДИ

На 03 март 2026 година се одржа годишната конференција на European Centre for Workers’ Questions (EZA) во Брисел, каде фокусот беше на тема „Социјална правда во Европа која повторно се вооружува“.

Конференцијата обезбеди простор за размислување за социјалните и економските последици од безбедносните политики на ЕУ, како и за тоа како тие можат да се усогласат со социјалната правда, почитувањето на човековото достоинство и долгорочните интереси на работниците и општествата.

На конференцијата учествува претставници на европските институции, академската заедница и синдикалните организации, меѓу кои и реномирани експерти и јавни личности од областа на социјалната политика и меѓународните односи.

Претставниците на КСС, Зоран Дионисијев и Васко Перчаковски, активно се вклучија во дебатата каде јасно се потврдува заложбата за заштита на работничките права и постоење на социјално праведна Европа во која безбедноста нема да биде на сметка на работниците и социјалната сигурност.

Дискусиите се водеа околу неколку клучни прашања, меѓу кои:

  • Како една сеопфатна безбедносна стратегија може да ги интегрира социјалната правда, човековото достоинство, дипломатијата и мултилатерализмот со цел да се промовира траен и инклузивен мир?
  • Како работничките организации треба конкретно да се позиционираат во однос на претстојните иницијативи на ЕУ во областа на одбранбената политика во 2026 година?

Конференцијата имаше за цел да обезбеди простор за анализа на социјалните и економските последици од безбедносните политики на ЕУ и нивно усогласување со социјалната правда, човековото достоинство и долгорочните интереси на работниците, со цел да понуди аналитичка основа и практични насоки за одговорно вклучување во обликувањето на европските безбедносни и одбранбени политики.