1. Home
  2. Новости
  3. Класична предизборна измама

Класична предизборна измама

Класична предизборна измама
0
541 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) и Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ)  преку соопштение до медимите директно се обраќа до Министерот за информатичко општество и администрација.

Почитуван,

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во чии рамки функционира и Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ Ве повикува на разумност и конструктивност, не на молчење и игнорирање од Ваша страна.

Ветивте многу работи, но освен класична манипулација, купување време, ништо не видовме.

Ни ветивте дека ќе не вклучите во функционалната анализа, но сега истата ја правите со анкетни листови каде на Вашите директори им оставате простор на класична предизборна уцена, кои во секој момент можат да не стават на трансфер листа и да го изгубиме нашето работно место.

Ни ветивте, многупати, дека ќе го видиме толку фамозно најавуваниот колективен договор, но до ден денес молчите, не знаеме што криете, ниту пак зошто и како и за популистичките мерки нема инклузивност, нема дебати, никој ништо не знае, а веќе сте се договориле со нерепрезентативен синдикат во тој сектор да го протнете предизборно?!

Вие и квазисиндикатите сакате да не притиснете, да не уцените со откази, но верувајте многу брзо ќе Ви одговориме. Голем срам е за еден синдикат тоа да го одобри.

Ве прашуваме, сега и јавно, дали овие нови вработувања ќе бидат дел од функционалната анализа, зошто вработувате екстремно кога има превработување, дали ќе поведете постапки за сите вработувања кои се извршени без Ваша согласност и надвор од годишните планови за вработување, дали ќе побарате одговорност од сите тие што вработиле Ваши луѓе согласно Закон за работни однси, а наместо раководниот државен службеник кој издава наредби и делегира задолженија, тие издаваат наредби без никакви  обврски кон Законот за административни службеници, или пак и Вие го правите истото, и Вие сте дел од целата таа шема која го упропастува јавниот сектор.

Почитуван,

Ви оставаме многу мал простор за да ја исправите целата оваа манипулација, затоа што ние многу, многу брзо ќе се радикализираме и ќе Ви дојдеме на гости во „Вашето“ Министерство најдоцна до почетокот на следната недела, до кога Ви даваме време да ги исправите сите овие неправди и незаконски дејствија. Ве уваруваме дека за нашето селење пред Министерството, а не го исклучуваме ниту генералниот штрајк, ќе бидете виновни само ВИЕ.

Затоа размислете добро што правите и во која насока не водите, затоа што како што веќе Ве предупредивме „Кога мачката ќе ја ставите во ќош, скока во очи и гребе“, е таму сме сега сите ние кои чесно работиме и си ја заработуваме платата.

И на самиот крај „Силата на новото време секогаш го исполнува ветеното“.

Да живее КСС, синдикатот и работничките права!