1. Home
  2. Новости
  3. Избран 8-миот Комитет на млади на Пан-европскиот регионален совет (PERC)

Избран 8-миот Комитет на млади на Пан-европскиот регионален совет (PERC)

Избран 8-миот Комитет на млади на Пан-европскиот регионален совет (PERC)
0
100 ПРЕГЛЕДИ

Во периодот 06.11.2024-07.11.2024 во Брисел, Белгија се одржа 8та Конференција на млади на Пан-европскиот регионален совет (PERC – Pan-European Regional Council). Во текот на двата работни дена, делегатите од различни делови на Европа разговараа за вработувањето на младите луѓе и доброто на дигитализацијата – предизвиците и можностите за „Праведна транзиција“ и изработката на приоритетни насоки за работа во периодот 2024-2026 година.

Конференцијата ја отвори генералниот секретар на PERC, Естер Линч, која ја истакна важноста од организирање во економијата на работа на платформи, одржување контакти со работниците на платформи со цел да се формулира соодветен сет на барања во однос на работните услови кои брзо се менуваат поради дигиталните влијанија. Во рамки на конференцијата свое обраќање имаше и Thierry Bodson, Претседател на Белгискиот синдикат FGTB кој го објасни амбиентот во кој функционираат синдикатите и како се борат во Брисел, со акцент на мерките за штедење. Посебно ја нагласи потребата од одржување на редовни контакти со синдикалните членови на терен, односно на нивните работни места. На конференцијата се обрати и Knut Dethlefsen, директор на Центарот за компетентност на ФЕС за Иднината на работата.

Главните тематски сесии на конференцијата се однесуваа на платформаската економија: затворање на дефицитот на правдата, законски одредби, случаи на организирање случаи и влијанието на вештачката интелигенција врз работната средина.

Inga Sabanova од Центарот за компетентност на ФЕС за Иднината на работата даде преглед што работи центарот и кои ресурси се достапни. Monika Tepfer од Правниот оддел на Светската конфедерација на синдикати (ITUC) накратко ги запозна присутните со претстојниот процес на поставување стандарди за економија на трудот на платформите во МОТ и потребата од заедничко дејствување со владите со цел работниците да добијат максимална поддршка за усвојување на потребната Конвенција и препорака на Меѓународната конференција на трудот, која ќе се одржи во јуни. Maria Tsirantonaki ги презентираше приоритетите на Младинскиот комитет на PERC и планот за работа за претстојниот период.

Исто така во рамки на оваа 8ма Конференција на млади на Пан-европскиот регионален совет (PERC), делегатите на конференцијата го избраа 8-от младински комитет на PERC. За претседател беше избран Nikola Bobic од CATUS, Србија. Vedran Jurisic од KSBiH, Босна и Херцеговина и Aleksandra Zdanowska од FNV, Холандија беа избрани за потпретседатели, додека пак Dirida Nikollaj од KSSH, Албанија, Eshgin Aliyev од AHIK, Азербејџан, Yauheni Dzenisenka од BKDP, Белорусија, Vasil Todorov од CITUB, Бугарија, Kafia Hashi Mohamud од LO, Норвешка и Khrystina Levchenko од FPU, Украина беа избрани за членови на Комитетот на млади на PERC.