1. Home
  2. Новости
  3. Здружението за социјална правда на работниците 365 дена работнички права го поздравува и поддржува протестот на КСС

Здружението за социјална правда на работниците 365 дена работнички права го поздравува и поддржува протестот на КСС

Здружението за социјална правда на работниците 365 дена работнички права го поздравува и поддржува протестот на КСС
0
413 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија доби поддршка на денешниот протест од Здружението за социјална правда на работниците 365 ДЕНА РАБОТНИЧКИ ПРАВА.

Го пренесуваме писмото за поддршка во целост:

,,Здружението за социјална правда на работниците ,,365 ДЕНА РАБОТНИЧКИ ПРАВА” e здружение на граѓани кое работи за подигнување на свеста на граѓаните и работниците за нивните права, овозможување на пристап до тие права и се залага за социјално, праведно и демократско општество, наспроти недемократско општество со социјална неправда и класна нееднаквост во која моментално се наоѓаме како општество.

,,365 дена работнички права” во иницијативата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија препозна искрена заложба за унапредување на правата на работниците и залагање за почитување на законите и колективните договори. Исто така остро го осудуваме секое прекршување на човековите права, во кои влегуваат и синдикалните права. Секој обид за нарушување на синдикалното организирање и слобода на здружување е обид за нарушување на демократијата и ускратување на правата и слободите на народот.

,,365 дена работнички права” силно го поддржува и поздравува протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на кој ќе земе и активно учество и се надева дека овде нема да запре борбата за унапредување на правата и економско – социјалната положба на работниците.”