
Европската и Светската Конфедерација на синдикати со писмо адресирано до КСС го осудија мешањето на Владата во внатрешните работи на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС. Во писмото се вели дека целосно го поддржуваат протестот со кој се повикува на почитување на законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди кои ги има ратификувано Македонија. Особено, Конвенциите 87 и 98 од Меѓународната Организација на труд, како и Европската Социјална Повелба. Во писмото се вели дека неприфатливо е Владата – истата онаа која искажува посветеност на вредностите на Европската Унија, да врши притисоци на членовите на синдикатите во јавниот сектор, да ги принудуваат да ги напушат синдикатите и да ги отпушта и деградира лидерите и активистите на синдикатите. Ги поддржуваат приговорите на КСС упатени до релевантните меѓународни институции, особено МОТ, Советот на Европа и Европска Унија, доколку не запрат нападите врз слободата на асоцијацијата и доколку не се почитуваат меѓународните обврски од страна на Владата.