Движењето за социјална правда – ЛЕНКА преку свој фејсбук статус ја поддржи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија за престојниот протест најавен за 08.06.2019 (сабота) во 16 часот.
Во нивниот фејсбук статус се вели: Секако дека во услови на (нео)либерализам социјалниот дијалог не е возможен, уште повеќе, тој е само маска за замајување на работничката класа од страна на властодржците. Во вакви околности, должност е на работниците да се обединат наспроти оваа класа на елитни политичари и да го побараат, не само она што е нивно туку и она што е добро за сите; за целокупната политичка заедница. Оттаму, овој најавен протест за работнички права, како што е и нотирано во самиот проглас: еднаквост, повикување на работничкото достоинство и солидраност; е никулец во работничката борба и подигнување на работничката (политичка) свест кај работникот.Поддршка за синдикатите и работниците во борбата за нивното место во општеството.
КСС ја цени нивната поддршка и смета дека само обединети можеме да се избориме за нашите работнички права.