1. Home
  2. Новости
  3. Двајца работници го изгубија животот на работно место

Двајца работници го изгубија животот на работно место

Двајца работници го изгубија животот на работно место
0
576 ПРЕГЛЕДИ

Во интервал од два дена – двајца работници го изгубија животот на работното место. Како што објавија медиумите едниот работник, вработен во ЕВН починал од струен удар во Крива Паланка, додека другиот работник од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во нас. Радишани.

АПЕЛИРАМЕ рабодавачите да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа и нивен приоритет да биде заштитата на работниците, наместо профитот. Немаме информации за тоа како се случиле несреќите и дали претходно биле преземени соодветни мерки за безбедност, но бараме од институциите да ја утврдат одговорноста.

Потсетуваме дека токму во овој период КСС работи на кампања за Безбедност и здравје при работа и секојдневно споделува информации од статистика и законска регулатива со цел подигање на свеста за оваа проблематика, како кај работниците, така и кај работодавачите.