Регионалниот синдикален совет „Солидарност“ кој се состои од 10 синдикати од 6 земји во регионот го издаде вториот број на синдикалниот е-магазин “Glas Radnika”. Целта на овој е-магазин е зајакнување на гласот на работниците и нивните синдикални организации и создавање силни синдикати. Секој број се фокусира на одреден аспект од областа на трудовото законодавство како и на одредени социо-економски теми. Покрај единствената тема на секој број, е-магазинот “Glas Radnika” ги содржи и најважните активности, иницијативи и акции на синдикатите од регионот.
Темата на вториот број се: колективни договори
До вториот број на е-магазинот може да пристапите ТУКА
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор