1. Home
  2. Новости
  3. Повик за експерт за реализација на обуки

Повик за експерт за реализација на обуки

Повик за експерт за реализација на обуки
0
344 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавува повик за ангажирање на експерти за реализација на обуки во рамките на прокетот ,,Бесплатна правна помош за сите членови” кој е финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

КСС објавува повик за ангажман на експерти од темите работно законодавство, детално разработување на законите за вработените во јавниот сектор, како и обработка на законодавството за вработените во приватниот сектор, општите колективни договори, обука за пишување решенија, жалби, приговори, поднесоци и сл. за прекршување на права од работен однос, обработка на законите за повреда на работно место и безбедноста и здравјето при работа.

Генералната цел на проектот е зголемување на нивото на задоволство на членовите на синдикатот за нивните правни потреби од синдикатот како нивен правен заштитник и зголемување на членството.

Опис на работните задачи

Планиран е ангажман на експерти за две еднодневни обуки во периодот помеѓу август и октомври.

– Експертите треба да испорачаат еднодневна обука/и во областа на трудовото законодавство вкупно 1 или 2 дена ангажман (вклучено подготовка на содржина на обуката, испорака и известување).

Целна група на обуките

Согласно проектот ќе се одржат две еднодневни работилници со по 14 учесници за вработени и претставници на синдикатот.

Договор и надоместок за експертот/ката

Ангажманот се заснова на потпшан договор со експертите во кој ќе биде регулиран надоместокот за ангажманот.

Експертот/ката е потребно да достави финансиска понуда.

Потребни квалификации

Експертот/ката треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

Искуство во областа на трудово законодавство и во дизајнирање и спроведување на обуки на горенаведените теми;

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

– Финансиска понуда изразена во евра во бруто износ;

– Предлог програма за обуката/ките;

– Детална биографија (CV);

– Референтна листа на претходно одржани обуки, која треба да ја вклучува темата на обуката

Критериуми за избор

– Компатибилност на финансиската понуда со предвидениот буџет

– Претходно искуство во развивање и испорака на обука

– Квалитет на понудената предлог програма

Рок за пријавување 

Пријавите со целокупната пропратна документација треба да се достават најдоцна до 18 август 2020 година за прва обука и 10 септември за втора обука на електронската пошта на КСС contact@kss.mk со назнака: Експерт за реализација на обуки