Од 1 до 4 октомври КСС беше домаќин на 4-та средба на младите синдикалисти од Југоисточна Европа со нивните колеги од синдикатите на Германија (ДГБ) и Австрија (ОГБ) организирана во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт. Младите синдикалисти во оваа пригода разменија интересни искуства и информации по теми кои се еднакво актуелни во сите земји кои беа претставени: состојбата со невработеноста, предизвиците на пазарот на трудот, смалувањето на правата на младите работници, организирање на младината во синдикати, итн.
Младите исто така го одбележаа и денот на пристојната работа, 7 октомври, организирајќи прес конференција по тој повод. „Го одбележуваме овој ден со диискусија за пристојната работа со цел подобрување на положбата како на младите луѓе, така и на сите работници од Република Македонија“ рече Саша Иванов, Претседател на Секцијата на млади при Конференцијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
„Со своите активности бараме достоинствена работа не само за младите туку и за сите вработени во светот. Свесни сме дека околу 75 милиони млади ширум светот се без работа и со самото тоа апелираме и праќаме порака до сите надлежни институции и влади како на регионално така и на меѓународно ниво да се преземат адекватни мерки за решавање на ова исклучително важно прашање,“ младите синдикалисти упатија заедничка порака од Охрид. И во замјите на ЕУ состојбата не е задоволителна, затоа што некаде околу 5.400.000 млади до 25 години се без работа и таабројка само расте. Овие бројки индицираат тешка состојба на апатија кај младите кои не знаат како до работа,“ се согласија младите синдикалисти во Охрид.