1. Home
  2. Youth
  3. THIRD MODULE OF THE SCHOOL FOR YOUNG TRADE UNION LEADERS

THIRD MODULE OF THE SCHOOL FOR YOUNG TRADE UNION LEADERS

THIRD MODULE OF THE SCHOOL FOR YOUNG TRADE UNION LEADERS
0
158 ПРЕГЛЕДИ

„Законот за работни односи, теорија и пракса“, беше темата на вториот модул на Школата за млади синдикални лидери на КСС, која се одржа на 18-20 мај во Хотел Бисер, Струга. Предавачи овој семинар беа д-р Тодор Каламатиев и м-р Александар Ристовски од Правниот факултет “Јустинијан Први“.

Професорот Тодор Каламатиев, по општиот вовед, ги запозна слушателите со Законот за работни односи, постапката за засновање работен однос, одморите и отсуствата, материјална одговорност на работниците, заштитата при работа општата и посебната заштита на жените, додека Александар Ристовски зборуваше за начелата на работниот однос, договорите за вработување, флексибилните договори за вработување, работното време и платите и престанокот на работниот однос.

Овие теми предизвикаа исклучително голем интерес кај слушателите со оглед на тоа што нивното познавање е од витално значење за синдикалните лидери. Оттаму и на работилниците и на пленарната дискусија темите беа обработувани со широки дискусии и гоелм интерес.