
Последователно по потпишувањето на спогодбите во Струга и Кичево, на 19.07.2016 се потпиша спогодба за основање на ЛЕСС и во општина Радовиш.
Овој совет со својата консултативо-советодавна улога ке допринесе за развој и подобрување на социјално-економските услови во општина Радовиш што е и основната цел на основањето на ваков локален економско- социјален совет.
Спогодбата беше потпишана од г-дин Сашко Николов, Градоначалник на општина Радовиш; г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија; г-дин Зоран Антовски, претставник од Конфедерација на синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски, Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.
Овој совет ке работи заедно со општина Радовиш на прашања кои се од економско-социјален карактер, важни за општината.