
Од 28-30 јуни беше одржана третата тематска обука на тема “Процес и развој на политики за вработубање” , чиј модератор беше Vali Corbanese која е експерт за политики за вработување. Цели на оваа обука беа да се разгледаат фазите во процесот на развој на политиките за вработување, да се видат областите кои ги покрива и најважно, нивната практика.
Присутните од самиот почеток на обуката беа вклучени со свои мислења, ставови и очекувања од оваа обука.
Меѓу присутните беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на македонија, од Сојуз на синдикати на Македонија, од Организација на работодавачи на Македонија и членови на локалните економско-социјални совети ширум Македонија.
Некои од точките на кои се осврна поголемо внимание беше вработувањето на младите луге, вработување на повозрасните критични категории и усогласување на понудата и побарувачката на работна сима.
Обуката беше интерактивна со активни дискусии, работа во групи и разработуване на практични примери на системи за вработување за кои се даваа мислења и идеи за позитивните и негативните страни на конкретниот систем за вработување, што треба да се смени и на кои целни групи да се стави акцентот.
Оваа обука е во организација на Проектот Унапредување на социјалниот дијалог кој е спроведувам од МОТ.