Author kss

Последните истражувања и информации кои редовно стигаат до нашата служба, посочуваат на тоа дека СЕ ПОГОЛЕМ број на работници ја губат својата работа, особено оние работници кои се во сивата економија, а кои се во огромен број. Економските параметри јасно покажуваат дека ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА значително се намалува од месец во месец што укажува на тоа дека граѓаните веќе се во многу лоша економска состојба или едноставно кажано во сиромаштија која најмалку ја посакуваме. Сите граѓани се на удар од економската криза, секој се бори за парче леб, неизвесно е што не очекува и на сето тоа Државата реагира со покачување…

Се одржа работилница на која беа разработени повеќе теми од областа на Законот за работните односи, Законот за административни службеници а особено се разработуваше дисциплинската одговорност на административниот службеник. Обуката ја водеше адвокат Спасе Николов кој несебично го пренесе знаењето како и искуството со водење на работни спорови и делување во делот на дисциплински постапки пред првостепена и второстепена комисија.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во рамки на проектот ,,Бесплатна правна помош за сите членови,, организираше работилница насловена како ,,Организaциска поставеност, цели и улога на синдикатите” на која беа претставени повеќе аспекти околу функционирањето на синдикатите, а целта на работилницата беше запознавање на учесниците одблизу со делувањето на синдикатите. Беа истакнати целите на кои се темели основањето на синдикатот и синдикалното делување како што се: да осигура подобар квалитет на животот и пристоен животен стандард, достоинствена и достапна здравствена заштита, побезбедни работни места и поздрава работна средина, економска и социјална сигурност за работниците, пензионерите и социјално загрозените, да…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на сите начини ги информира своите членови, но и сите работници за правата од работен однос кои им следуваат. И ова е еден од начините како одговорите да стигнат до Вас. Погледнете го видеото подолу кое говори за правото на годишен одмор кое му следува на секој работник. За ова и за други прашања од работен однос обратете се до КСС.

Со оглед на актуелната  состојба со КОВИД-19 и имајќи ги во предвид  дадените дозволи за отварање на најголем број на деловни субјекти од различни области се генерираат огромен број на прашања од областа на епидемиологијата, медицината на трудот и безбедноста при работа со цел превенција од ширење на болеста COVID – 19. Од таа причина, Македонското здружение за заштита при работа вчера и денес организираше работилница на која се поканети повеќе чинители ( државни институции, образовни институции, граѓански организации, експерти и стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа ) за да ги  пренесат своите мислења, ставови, идеи…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како национален синдикат има за цел да ги заштитува правата на работниците, а во време на пандемија и за време на вонредната состојба многу права од работен однос беа прекршени, а се прекршуваат и во периодот после завршувањето на вонредната состојба. Затоа КСС во изминатиот период започна кампања насловена како ,,Да се слушне гласот на работникот”. Целта на кампањата е да се информираат работниците и пошироката јавност за актуелни теми од областа на работничките права и работата и улогата на синдикатите преку илустрации и упатување на порака за конкретни теми. Сметаме дека е од…

ЗОШТО СМЕТАМЕ ДЕКА Е ОВА ВАЖНО? Пред се, доколку е загрозено здравјето на работникот, загрозено е и работното место а со тоа и целата компанија. Свесни сме дека се наоѓаме во неизвесен и кризен период каде работникот е изложен на можна инфекција од Ковид-19 а со тоа и ширење кон останатите колеги. Затоа повторно апелираме за зголемување на СВЕСТА кај секој работник дека навистина неговото здравје е ВАЖНО, како за себе и  своето семејство, така и за сите колеги и целото општество. Оваа пандемија покажа колку е изложен на удар системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и…

По објавениот јавен повик на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија до сите политички партии, денес во просториите на СОНК се оствари средба на потесното раководство на КСС со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Средбата се одржа за да ги искажеме нашите барања, а од негова страна да ги презентира сите наши барања кои се внесени во програмата и за кои се обврзува дека ќе ги оствари. На состанокот од страна на КСС беа изнесени низа барања и предлози кои се всушност подолго време на нашата агенда, но досега, за жал заради урнисаниот социјален дијалог и немање социјално партнерство беа…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија- КСС последниов период ги следи изборните активности и предизборните изјави и ветувања на политичките партии како и нивните програми и излегува со свој став во однос на вклучување на работниците во изборните програми, почитување и унапредување на нивните права. Имајќи ја во предвид нашата долгогодишна борба и зaложба, како и нашите акттивности за почитување на законите и колективните договори, кои што во изминатиот период доживејаа груби кршења, нефункционирањето на социјалниот дијалог кој што треба да биде основниот постулат за меѓусебното почитување и кој што беше одземен од социјалните партнери и употребен за лични или…

1 8 9 10 11 12 26

Copyright kss.mk